Дома Фудбал Останато Tрамп има луд план: Сака УФЦ спектакл во „Белата куќа“ пред 25.000 гледачи!

Tрамп има луд план: Сака УФЦ спектакл во „Белата куќа“ пред 25.000 гледачи!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави возбудлив план за организирање на UFC борба на тревникот на Белата куќа со капацитет од 25.000 гледачи.

Овој настан би бил дел од одбележувањето на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави. Трамп истакна дека “Белата куќа располага со многу простор”, и дека е оваа идеја целосно остварлива.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“Секој од нашите национални паркови, бојни полиња и историски локалитети ќе биде домаќин на специјални настани за честување на 250-годишницата на Америка. Верувам дека ќе имаме и УФЦ борба”, вели Трамп и ја изразува својата визија:

“Замислете го тоа на тревникот на Белата куќа. Тоа би било вистински спектакл за 20.000 до 25.000 луѓе. Таму имаме многу простор”, додаде тој.

Иако не беа споделени никакви дополнителни информации, портпаролката на Белата куќа Каролине Левит изјави дека Трамп е “сериозен во своите намери” за спектаклот UFC во Белата куќа.

Трамп неодамна уживаше во присуство на неколку UFC борби и имаше средба со претседателот на оваа боречка организација, Дана Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историски момент за македонската атлетика: Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во Токио!

Македонската атлетика испишува нови страници во својата историја – Адријана Поп Арсова обе…