Дома Фудбал Трагични вести, почина фудбалер (20): Неговата приказна го обиколи светот

Трагични вести, почина фудбалер (20): Неговата приказна го обиколи светот

Тажна вест доаѓа од Шкотска. Почина младиот фудбалер Чарли Вотсон (20), кој се бореше со рак, но продолжи да игра фудбал и покрај тешката болест.

Чарли настапуваше за тимот Тријве Роверс од Касл Даглас и продолжи со своите фудбалски активности дури и откако му беше дијагностициран рак во последната фаза. Неговата приказна го обиколи светот затоа што таков степен на посветеност ретко се среќава. За време на борбата со болеста, тој остана дел од својот тим во натпреварите во Шкотскиот куп.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Во негова чест беше започната кампања за истражување на ракови, која собра десетици илјади фунти.

„Ние сме неописиво горди на патот кој го помина нашиот Чарли во својата борба. Никогаш не сфати колку големо влијание имаше на луѓето низ целиот свет. Иако повеќе не си физички со нас, засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, изјави неговата мајка Аманда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јуве, Милан и Наполи заинтересирани за белгиски репрезентативец

Јувентус, Милан и Наполи се заинтересирани за Лоис Опенда, кој сака да го напушти РБ Лајпц…