Дома Фудбал Tрагедија во Италија: Голманот на Интер прегазил човек!

Tрагедија во Италија: Голманот на Интер прегазил човек!

Вториот голман на Интер Милан, Жосеп Мартинез, беше вклучен во трагичен сообраќаен инцидент што се случи во близина на тренинг-центарот на клубот и кој го однесе животот на 81-годишен маж.

Трагичниот настан ја потресе фудбалската сцена во Италија и остави длабок белег во Интер Милан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Утрото во Фенегрò, во близина на центарот за тренинзи во Апјано Џентиле, Жосеп Мартинез беше учесник во фатален судир со електрична инвалидска количка, во која бил 81-годишен маж.

Според италијанските медиуми, инцидентот се случил околу 9:40 часот, кога возилото на Мартинез го удрило постариот човек додека се движел по патот со моторизираниот стол. И покрај брзата реакција на службите за итна помош, жртвата починала на лице место поради тежината на повредите.

27-годишниот шпански голман не се здоби со физички повреди, но очевидци изјавуваат дека бил во длабок шок по настанот. Првичните информации укажуваат дека постариот човек можеби се онесвестил или налетал на спротивната лента, што довело до судирот, но официјалните заклучоци ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дани Алвеш минатата година беше во затвор – сега е проповедник (Видео)

Дани Алвеш, еден од најтрофејните фудбалери во историјата, поранешен ас на Севиља, Барсело…