
Талентираниот фудбалер Едер Смиќ Валенсија трагично го загуби животот на 16-годишна возраст, само неколку дена пред да реализира трансфер во MLS!
Валенсија загина во тешка сообраќајна несреќа додека бил на одмор во неговата татковина Колумбија. Младата ѕвезда требаше оваа недела да отпатува во САД и да потпише со Њујорк Ред Бул, откако остави впечаток со настапот на “Under-16 Bulls Cup” во февруари.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Според локалните извештаи, Валенсија требаше да ја претставува и колумбиската репрезентација до 17 години на Јужноамериканскиот шампионат 2026 за возраст до 17 години.
Несреќата се случила во недела наутро во градот Гуачене, во близина на Кали, кога цистерна удрила во неколку возила на патот. Валенсија бил во сив автомобил кога се случил трагичниот инцидент. Причините за несреќата засега се истражуваат.