
Трабзонспор вчера објави дека завршиле со доведување на големо засилување од Атлетико Мадрид, а станува збор за Саул Нигез. Но, денес приказната доживеа драматичен пресврт затоа што Саул не се качи на авион и објасни зошто нема да потпише за Трабзонспор.
Нигез по 17 години го напушта Атлетико Мадрид бидејќи шпанските медиуми пренесуваат дека договорил прекин на соработката со овој клуб, со оглед на тоа што Диего Симеоне повеќе не сметал на него.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Иако некогаш беше еден од најважните играчи на Атлетико, неговата кариера последните години оди надолу, а заминувањето од мадридскиот клуб најдобро го покажува тоа.
Саул минатата сезона ја помина во Севиља на позајмица, но Андалузијците не го откупија неговиот договор. И покрај тоа, ни Атлетико не го сакаше и се согласија да го раскинат неговиот договор со спогодба.
Се чинеше дека шпанскиот играч нема да биде долго без клуб, со оглед на тоа што вчера Трабзонспор потврди дека се договориле со Саул и дека тој сигурно ќе ја продолжи кариерата во турскиот клуб.
Денес Саул требаше да патува за Трабзон за медицинските прегледи и потпишувањето на договорот, а турскиот клуб веќе му резервираше лет од Мадрид за Трабзон, но случи се драматичен пресврт.
Шпанскиот фудбалер воопшто не се качи во авион за Трабзон, што ги шокираше раководителите на клубот, а подоцна тој ги контактирал и им кажал дека се премислил и дека од договорот нема ништо.
Саул дури се изјасни на социјалните мрежи и објави дека дошло до промена на планот и дека нема да потпише за Трабзонспор, и дека ваквата одлука донел поради семејни причини.
Фото: Принтскрин