Фудбалската репрезентација на Македонија денес одигра одличен натпревар и го победи Лихтенштајн со 0:3.
Еден од стрелците беше Александар Трајковски кој го отвори резултатот уште во седмата минута.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Знаевме дека многу е важно да започнеме со победа, но и секој натпревар е важен. Нема лесен противник, можеби така изгледа, но ние за секој натпревар се подготвуваме како е да најважниот натпревар.
Во Скопје не чека нов натпревар и потежок од овој денеска затоа што играме против поквалитен противник, па ни следат подготовки за тој натпревар и ќе се обидеме да победиме. Сакам да се заблагодарам на сите навивачи што денеска беа тука и се надевам на уште поголема поддршка против Велс во Скопје.“
Натпреварот против Велс е закажан за во вторник во терминот од 20:45 часот.