Македонскиот репрезентативец и напаѓач на ХАЈДУК Александар Трајковски (32) сезонава не се истакнува во Хајдук.
Искусниот играч не е првиот избор на селекторот Џенаро Гатузо, кој не може да му најде позиција. Затоа на само 11 настапи постигна еден гол. Сепак, Трајковски е фасциниран од Сплит и фудбалската култура во Хајдук. Тој тоа го потврди во интервју за порталот СпортСпорт.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Хајдук е дел од сечиј живот овде. Не знам дали тоа е медитеранскиот менталитет или нешто друго, но не може да се опише. Играв за големи клубови во Италија и Шпанија, но овој е посебен“, рече тој, па додаде:
“Ќе направиме се што е во наша моќ да ја вратиме титулата во Сплит оваа сезона. Оваа сезона имаме одлична можност. Овој град го заслужува тоа. Навивачите се нешто посебно. Без разлика дали дома или на гости. Вие не можете да одите никаде на улица без луѓето да ве запрат. Како да не дадете 100% на секој натпревар?
Трајковски во Хајдук е од септември минатата година. Има 30 настапи и осум голови. Во кариерата смени многу клубови, а најдолго остана во Палермо, за кој постигна 20 гола и асистираше 16 на 113 настапи. Во Шпанија играше за Мајорка каде на 28 настапи постигна само еден гол.