Дома Останати Тенис Toчно 100 недели повеќе: Денеска добивме уште еден доказ за доминацијата на Ѓоковиќ

Toчно 100 недели повеќе: Денеска добивме уште еден доказ за доминацијата на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ настапот на Австралија Опен го заврши во полуфиналето и не успеа да ја одбрани титулата, сепак и понатаму е лидер на АТП листата.

Загуби Новак 1.200 бодови, па така предноста во однос на неговите најблиски конкуренти Карлос Алкараз и Данил Медведев е прилично намалена. Разликата помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз сега е 600 бодови, Новак има 9.855, Шпанецот 9.255, тука е и Медведев со 8.765.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На врвот на АТП Ѓоковиќ денес ја започнува 410. недела и така дојде до точно 100 повеќе од Федерер кој во кариерата помина 310 недели како прв тенисер во светот.

На листата зад Ѓоковиќ и Федерер следуваат: Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270, Џими Конорс со 268, Рафаел Надал со 2019 и Џон Мекинро со 170.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Крај на соработката: Мареј веќе не е дел од тимот на Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и британската тениска легенда Енди Мареј повеќе нема да сор…