Eпизодата во Катар не ги исполни очекувањата на Марио Манџукиќ.
Хрватскиот фудбалер после агонијата во Јувентус беше желба на неколку клубови, но се одлучи за егзотичен трансфер и заминување во Ал-Духаил каде што веќе добро заработи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Манџукиќ не ги оправда очекувањата и не игра на нивото. На насловните страни во медиумите во Катар е оценет како катастрофално и скапо промашување, а наводно и тренерот Ваилд Реграг дал зелено светло Хрватот да замине после само шест месеци.
На катарските медиуми се надоврзаа турските кои најавуваат дека 34 годишниот напаѓач би можел да заигра во нивната Суперлига.
„Манџукиќ не е среќен во Катар, а доколку се одлучи да се врати во Европа Галатасарај ќе биде неговиот прв избор“, пишуваат медиумите.
Во претходниот период Манџукиќ се поврзуваше и со Бешикташ.