Дома Фудбал Англија Тотенхем ќе се жали за казната на Бентакур

Тотенхем ќе се жали за казната на Бентакур

Фудбалскиот клуб Тотенхем најверојатно ќе се жали на одлуката за суспензија на седум натпревари која ја доби Родриго Бентакур поради расистичка изјава за неговиот соиграч Сон во текот на гостување во ТВ емисија.

Како што денес пренесува „Скај“ се очекува лондонскиот клуб да се пожали на должината на суспензија. Бентакур доби суспензија од седум натпревари и парична казна од 100.000 евра.
Казната му ја додели Фудбалскиот сојуз на Англија поради недолично однесување при гостување на телевизија.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во текот на емисијата во јуни 27-годишниот Уругваец од водителот доби прашање дали би можел да му набави дрес од Сон.

„Дрес од Сон? Тоа би можело да биде и дрес од некој негов роднина, сите изгледаат исто“, изјави тогаш Бентакур сакајќи да се пошегува, но на крајот лошо помина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…