Манчестер Сити подобро го отвори натпреварот, го имаше поседот и го контролираше натпреварот, но не создаде посериозна шанса. После првичното одмерување на силите и големата борба на средината на теренот, Реал дојде до водство во 36-та минута со голот на Винисиус. Модриќ одлично го проигра Камавинга, овој го најде Винисиус, кој со одличен шут од дваесетина метри го матира Едерсон …