Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со победа го стартуваше својот настап во Анталија. Ѓорческа играше против Хегман од Холандија и забележа сигурна победа во која на противничката и дозволи вкупно само четири гема. Двата сета Ѓорческа ги доби со по 6:2. На турнирот Ѓорческа е трета носителка и во следната рунда ќе игра против подобрата од дуелот Андрејава и Тот. …


