
Голманот на Баерн, Мануел Нојер, ќе го пропушти натпреварот од 15. коло на Бундеслигата против Хајденхајм поради повреда на мускулот на бутот, соопшти фудбалскиот клуб од Минхен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нојер се повреди во недела на натпреварот од 14. коло на Бундеслигата против Мајнц (2:2).
Во соопштението на шампионот на Германија се наведува дека по денешните лекарски прегледи е утврдено дека Нојер има повреда на мускулот на бутот, поради што ќе го пропушти последниот натпревар оваа година против Хајденхајм, кој е на програмата на 21 декември.
Баерн не прецизираше колку долго ќе отсуствува искусниот голман од терените, но германските медиуми тврдат дека Нојер ќе биде подготвен за дуелот од 16. коло на Бундеслигата со Волфсбург, кој е на програмата на 11 јануари идната година.