Во изминатата вечер во НБА лигата се играа шест натпревари. Тимот на Далас стигна до победа на гости кај Филаделфија од 102:118.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За своите стандарди Лука Дончиќ одигра скромен натпревар во кој постигна 19 поени, осум скока и три асистенции. Одличем по враќањето од повреда беше Кајри Ирвинг кој уфрли 23 поени. Кели Убре на спротивната страна беше најефикасниот со 19 поени.
Лејкерс изминатата вечер стигнаа до третата победа во низа славејќи на гости кај Шарлот со 118:124. До победата Лејкерс ги предводеше Ентони Дејвис од трипл-дабл од 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Мајлс Бриџис во редовите на поразените постигна 41 поен.
Од останатите натпревари: Кливленд беше подобар од Сакраменто со 136:110, Голден Стејт на гости кај Бруклин славеше со 98:109, ЛА Клиперс славеа кај Атланта со 144:149, доидека Њу Орлеанс на свој терен го победи Торонто со 138:100.