Дома Фудбал Останато Потресен момент од судењето на Алвес: Девојка плачеше и раскажуваше што се случувало вечерта

Потресен момент од судењето на Алвес: Девојка плачеше и раскажуваше што се случувало вечерта

Во судот во Барселона вчера започна судењето на поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвес кој е обвинет за силување на млада девојка во ноќен клуб.

Алвес веќе една година е во притвор каде што го чека исходот, неговата одбрана бараше тој да се брани од слобода, меѓутоа поради ризик од бегство тој се држи во притвор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Идентитетот на девојката засега не е познат, а таа се појави на вчерашното судење. Но во моментот кога таа сведочела, иако судењето е отворено за јавноста, новинарите морале да ја напуштат салата.

Сведочењето на девојката траеле еден час и 15 минути. По жртвата на говорницата се појавила нејзина пријателка.

„Танцувавме во „нормалниот“ дел од клубот, пред нас беше ВИП просторот. Двајца-тројца мексиканци дојдоа и не прашаа дали сакаме да одиме со нив во тој дел (ВИП зоната). Прифативме и ги следевме, таму се задржавме краток. Тој (Алвес) човек беше таму, имаше лигав став, ми стави рака на грб и ме допре за задникот. Поради тоа отидов на другата страна од масата, а другарката ми кажа дека нејзе ја допрел за меѓуножјето“.

Во солзи девојката продолжи да раскажува…

„Тогаш ми се јави родина на девојката (жртвата) и ми кажа дека мораме да заминеме. Се познаваме од тригодишна возраст и никогаш претходно не сум ја видела така да плаче. Плачевме сите, не знаев што да правам во тој момент. Свесни бевме дека мораме да пријавиме, таа мислеше дека нема да и веруваат и сакаше да си одиме дома“, завршила пријателката на девојката која го бвинува Алвес.

Според нејзиниот исказ девојката во ниту еден момент не прифатила некаков однос со Алвес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…