Дома Фудбал Тони Крос го исмева трансферот од 145 милиони евра: Половина од луѓето ни не знаат кој е тој

Тони Крос го исмева трансферот од 145 милиони евра: Половина од луѓето ни не знаат кој е тој

Германскиот репрезентативец Тони Крос отсекогаш важел за скромен и објективен фудбалер, иако со години имал статус на еден од најдобрите играчи во средниот ред на светот и како играч на Реал Мадрид имал голема популарност, но сега, откако ја заврши кариерата, нема проблем да ја каже вистината или барем работите за кои смета дека се вистинити.

Овој пат коментираше за трансферот на Ливерпул, кога беше рушен рекордот во Премиер лигата. Станува збор за напаѓачот Александар Исак донесен од Њукасл за 140 милиони евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ви благодариме што ни верувате, но би рекол дека отприлика половина од нашите слушатели никогаш не слушнале за Исак. Просудете сами, сериозно“, рече Крос со доза на хумор, поставувајќи го под прашалник вистинското значење на овој трансфер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал МОРА да ја продаде ѕвезда од тимот!

Арсенал конечно изгледа како екипа која може да ја освои Премиер лигата и тоа го знаат сит…