Дома Фудбал Томас Тухел подготвен за сензационален потег: Голема ѕвезда нема да патува на Светското првенство?

Томас Тухел подготвен за сензационален потег: Голема ѕвезда нема да патува на Светското првенство?

Откако ја презеде селекцијата на Англија, германскиот стручњак Томас Тухел постигнува одлични резултати. Во 10 настапи има девет победи и еден пораз, но во натпреварувачките натпревари е совршен со омјер од 8-0.

Англија ќе патува на Светското првенство како еден од фаворитите. Со Тухел се надеваат трофејот конечно да ‘се врати дома’, а одличниот стручњак планира на Мундијалот да води само оние најподготвени и лесно може да се случи неговиот сензационален потег.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Реал Мадрид Џуд Белингам лесно може да остане без настап на СП. Тој моментално е надвор од теренот поради повреда, и не се очекува скор враќање.

Постојаните проблеми со повреди и слаба форма на 22-годишната ѕвезда би можеле да го чинат. Тухел е подготвен за голема одлука и јасно порача дека нема да води никого кој не е 100% подготвен за игра.

“Тухел е подготвен да го изостави Томас Тухел од списокот на патници за Светското првенство доколку не биде 100% подготвен за турнирот. Пораката од стручниот штаб е јасна – само играчи кои се на врвот на својата форма и кои се целосно физички подготвени патуваат на СП. Имената не се важни”, наведуваат англиските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…