Дома Фудбал Тој би сакал во Барселона, а агентот закажа неочекуван состанок: Неверојатен пресврт во кариерата на Влаховиќ

Тој би сакал во Барселона, а агентот закажа неочекуван состанок: Неверојатен пресврт во кариерата на Влаховиќ

Душан Влаховиќ на крајот на оваа сезона останува без договор со торинскиот Јувентус и веќе се зборува за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата. Барселона е првата опција за српскиот напаѓач, се споменуваат и одредени англиски и италијански клубови, но тој би можел на крајот да остане во Јувентус.

Четири полни години Душан Влаховиќ ги помина во Јувентус, но не успеа да доведе трофеј од Серија А во Торино. Од сезона во сезона торинскиот џин минува низ големи кризи, а во сивилото на клубот се вклопи и самиот српски напаѓач.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Договорот на 26-годишникот истекува на крајот на оваа сезона и потоа станува слободен играч. Се поврзува Душан со бројни клубови, а неодамна се појави информација дека би сакал најмногу во Барселона, која е сериозно заинтересирана да го доведе како замена за Роберт Левандовски.

Исто така, се поврзува Влаховиќ и со одредени англиски и италијански клубови. Најконкретен беше Милан, потоа се појави и Интер, но на крајот Српскиот напаѓач би можел да заврши таму каде што најмалку очекува.

Неговиот агент Дарко Ристиќ закажал состанок со Јувентус. Ќе се обиде по сите овие неуспеси да се договорат за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на ПСЖ излегува на суд поради силување: Ова е неправедно…

Фудбалерот на ПСЖ и марокански репрезентативец Ашраф Хакими, се соочува со судење поради о…