
Фудбалскиот сојуз на Ангола постигна значаен договор. На 14 ноември, во Ангола ќе гостува светскиот шампион Аргентина.
Како дел од прославата за Денот на независноста, Ангола ќе им пружи радост на фудбалските навивачи со натпревар против Аргентина, предводена од Лионел Меси.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Организирањето на овој настан ќе биде скапа акција – Фудбалскиот сојуз на Ангола за оваа прилика исплати неверојатни 12 милиони евра. Цената е, секако, дополнета бидејќи Лионел Меси ќе биде дел од тимот кој ќе игра во Ангола.
Мароко беше меѓу земјите кои преговараа со Аргентина за пријателски натпревар во истиот период, но Анголците изгледа понудиле најголемиот износ.
И додека некои ја пречекуваат оваа можност со воодушевување, други сметаат дека овие средства би можеле да се насочат кон други проекти – изградба на училишта, отворање нови работни места и поддршка за младите, инвестиции во системи за водоснабдување…
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!