Дома Трансфер зона Toтенхем ја одреди цената: Данецот може да замине само за светски рекорд

Toтенхем ја одреди цената: Данецот може да замине само за светски рекорд

eriksen

Заинтересираните страни сега знаат што треба да направат.

Кристијан Ериксен вчера го сруши милански Интер и ги задржа надежите на Тотенхем за пласман во наредната фаза од Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спарсите имаат ист број на бодови како и „нероаѕурите“, но поради голот на „Џузепе Меаца“, имаат подобар скор во меѓусебниот дуел со Интер и за пласман во наредната фаза потребна им е победа против Барселона. За такво нешто нема сомневање дека им е потребен уште еден добар настап на одличниот Данец.

Ериксен веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите плејмејкери во Премиер лигата, секогаш е помеѓу најдобрите асистенти на Островот и со причина е мета на голем број клубови.

Изгледа дека по интересот се издвојува мадритски Реал кој е во голема криза и наредното лето ќе се обиде да го засили тимот со неколку атрактивни имиња.

Данецот е голема желба на Флорентино Перез, но за да го ангажира првиот човек на Реал ќе мора да го сруши светскиот рекорд.

Имено, на Островот се пишува дека Тотенхем ја одредил цената за фудбалерот кој има договор до 2020 година и тоа е 250 милион иевра!

Значи, кој го сака Данецот ќе мора да го сруши рекордот од 222 милиони евра кој ПСЖ и го плати на Барса при трансферот на Нејмар.

https://www.youtube.com/watch?v=hU8qFcmJdz8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…