Натпреварот помеѓу Евертон и Тотенхем на „Гудисон Парк“ го обележа тешката повреда на Андре Гомеш.
Сон го сопна Гомеш од зад грб кој потоа се судри со Орие и заработи тешка скршеница на ногата. Сон беше исклучен, но тоа не му беше важно, беше во целосен шок и во солзи го напушти теренот. Ниту останатите на теренот не можеа да веруваат што се случува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Победувате, ремизирате и губите, но тоа не е важно кога се случува нешто вакво. Би сакал да не го дадев тој гол и да изгубевме 5:0, само тоа да не случеше. Знам брате дека ќе се вратиш посилен, ќе бидеме со тебе“, напиша Тосун на Инстаграм.
Тосун постигна гол длабоко во продолжението, меѓутоа тоа на било кој друг играч и навивач на Евертон не му беше толку важно.
Breaking News :- A possible Career ending tackle on Everton midfielder Andre Gomes . pic.twitter.com/Y6IapoKmvp
— TONAJNR (@adetonajnr) November 4, 2019