
Вечерва ги имаме реваншите во четирите баражи за 1/8 финалето од ЛШ, а покрај тоа ќе се играат и заостанатите натпревари од англиските ниски лиги. Ова е нашиот предлог за денес.
Аталанта – Клуб Бриж – 1&2+ @ 1.83 во Mozzart
Аталанта падна во формата и тоа во многу лош период, а тоа може да се забележи од резултатите наназад кои ги чинеа и потенцијално освојување на трофеј. Имено, испаднаа од купот на Италија од Болоња, а им останаа ЛШ и Серија А. Во првенството во претходните три натпревари запишаа две реми и една победа. Во првиот натпревар во ЛШ беа поразени со 2-1 од Клуб Бриж, па на овој дуел влегуваат со негатива од еден погодок. Клуб Бриж од друга страна попушти во домашното првенство, а Генк создаде одлична предност. Овде Аталанта веруваме дека ќе дадат се од себе за да победат и типуваме 1&2+ со квота 1.83 во Mozzart.
Бенфика – Монако – ГГ3+ @ 1.73 во 22Bet
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Бенфика заврши голема работа во Монако, но далеку од тоа дека пласманот им е сигурен. Португалците имаат еден гол предност благодарение на Гркот Павлидис кој го постигна на почетокот од второто полувреме. Монако пак нема што да чека и мора во Лисабон да влезат отворено, а ќе им требаат најмалку два погодоци за да одат понатаму што искрено и не е толку лесна мисија. Како и да е, овде очекуваме ефикасен натпревар, па се одлучивме да типуваме ГГ3+ со квота 1.73 во 22Bet.
Баерн – Селтик – 1&3-5 @ 1.85 во Bet365
Две големи работи завршија Баварците во претходните две седмици. Прво триумфираа во Глазгов над Селтик и стигнаа до чекор од пласман со најдобрите 16 во елитното натпреварување, а со ремито на Бај Арена против Леверкузен ја сочуваа предноста од 8 бода на лидерското место во Бундеслигата. Селтик покажа „заби“ пред своите фанови. Со пласманот во баражот од ЛШ ја исполнија својата примарна цел, а исто така и во Премиершип бележат фантастични резултати. Баварците на домашен терен нема да кикснат, а ние типуваме 1&3-5 гола со квота 1.85 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.86
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 18.02.2025 во 8:30 часот*