Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 05.03.2025)

Тикет на денот (среда, 05.03.2025)

Денес ќе се изиграат преостанатите четири натпревари од 1/8 финалето на Лигата на шампиони, а останатата понуда е доста слаба. Како и да е, ова е нашиот предлог тикет за денес.

Фејнорд – Интер – Х2&0-2 @ 2.20 во Mozzart

Ротердам нема пораз на последните шест натпревари вклучувајќи ги и дуелите од ЛШ, но не веруваме дека се премногу среќни поради остварените резултати, особено во Ередивизијата. Освен елиминација на Милан во баражот за 1/8 финалето во ЛШ, во домашното првенство победија против Спарта и Алмере, но изиграа и без голови против Бреда и НЕЦ. Интер пак е во добра форма особено после 20-тина дена после поразот од Јувентус. Победија против Лацио во купот на Италија, а во Серија А запиша триумф против Џенова и реми против Наполи. Интер има реванш на Меаца и нема да се форсира, па типуваме Х2&0-2 гола со квота 2.20 во Mozzart.

Бенфика – Барселона – Х2&ГГ @ 1.85 во 22Bet

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Орлите и Барса веќе изиграа оваа сезона во Лигата на шампиони. Тој меч долго ќе се пмаети и покрај фактот дека овие два тима завршија во 1/8 финалето. Барса губеше со 3:1 и 4:2, а на крајот славеше со 5-4. Веројатно тоа беше и најдобриот натпревар во првиот дел од елитното натпреварување. Барса директно се пласираше во 1/8 финалето, додека Бенфика тоа го направи преку бараж каде што успеа да го победи тимот на Монако. Овде веруваме дека ќе има голови, а притоа дека Барса ќе останат непоразени. Типуваме Х2&ГГ со квота 1.85 во 22Bet.

Баерн – Леверкузен – ГГ @ 1.72 во Bet365

Двата најдобри германски тимови се насочени еден на друг во сите натпреварувања. Во Бундеслигата двата меѓусебни дуели во ова првенство се завршени со нерешен резултат. На Алијанц Арена беше 1:1, а во Леверкузен неодамна 0-0. Тоа реми на Бај рена повеќе одговараше за Баварците кои ја сочуваа огромната предност во однос на Фармацевтите. Во ДФБ купот подобар беше Леверкузен, а сега ни следува битката над сите битки. Пред се овде е многу тешко да се типува конечен исход, па затоа одлучивме да ви дадеме предлог на голови. Типуваме ГГ со квота 1.72 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.00

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 05.03.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 06.03.2025)

Денес се играат доста интересни натпревари во рамките на Лига Европа и лигата на конференц…