![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2024/12/tiket-na-denot-tiket-na-denot-850x491-1-1-1.jpg)
Како и секој понеделник, така и овој, понудата е нешто послаба, но обично тогаш полесно стигнуваме до добивка. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Лидс – Сандерленд – 1Х&ГГ @ 2.22 во Mozzart
Лидс имаат силни амбиции за да се вратат во Премиер лигата и тоа на директен начин, а не преку плеј оф. Моментално се во серија од 14 последователни натпревари во Чемпионшип без пораз, а последниот неуспех го доживеаа последниот ден од ноември минатата година. Имаа и еден пораз отпосле, но тој се случи во ФА Купот од Милвол и тоа на Еланд Роуд. Во гости овој пат им доаѓа Сандерленд, тим кој е уште еден сериозен кандидат за англиската елитна Премиер лига. Според моменталната ситуација, делува дека Лидс ќе останат непоразени и типуваме 1Х&ГГ со квота 2.22 во Mozzart.
Алмерија – Елче – Х2&0-2 @ 2.37 во 22Bet
СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Само што помисливме дека Алмерија влезе во добра серија и дека никој не може да ги запре на патот за повратокот во Ла Лига, тие влегоа во криза и врзаа пет натпревари без победа, поточно остварија две реми и три порази. Нивниот противник, тимот на Елче во моментов е пред Алмериа, поточно на 5-та позиција со 46 бода, па и тие имаат реални шанси за да стигнат до пласман во шпанската Ла Лига. Овде ние решивме да типуваме Х2&0-2 гола со квота 2.37 во 22Bet.
Анеси – Каен – 1 @ 2.32 во Bet365
Домаќините се легитимни кандидати за пласман во плеј оф во француската втора лига, додека гостите полека го губат чекорот во битката за опстанок. Анеси после двата првенствени порази, во минатото коло запишаа победа против Лавал, па на овој натпревар влегуваат со добро расположение. Каен од друга страна е во катастрофална серија резултати и тешко дека ќе стигнат опстанок со оглед на фактот дека заостануваат 11 бода од сигурните позиции. Наш предлог за овој дуел е 2 со квота 2.32 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 12.21
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 17.02.2025 во 08:30 часот*