Во наредниот период ќе имаме мал одмор од европските купови, па ќе можеме комплетно да се посветиме на првенствените натпревари. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Леганес – Рајо Валекано – 1Х&0-2 @ 2.03 во Mozzart
Домаќините се во одлична форма и во 2025 година се уште не се поразени. На последните пет натпревари, три првенствени и две во купот на Кралот имаат три победи и две реми. Тоа не им помогна кој знае колку за да побегнат од опасната зона, па во моментов имаат само 3 бода повеќе од најзагрозените екипи. Рајо Валекано пак е на одличното 7-мо место и се легитимен кандидат за пласман во Европа. Во последните две кола во Ла Лига зедоа бод во Памплона и победија против Жирона на домашен терен. Овде ние очекуваме 1X&0-2 гола со квота 2.03 во Mozzart.
Вердер – Мајнц – 3+ @ 1.79 во 22Bet
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Двата тима имаа одлична есен, но Вердер не продолжи со тој ритам во новата година. Зелените од Бремен немаат победа на последните четири кола, поточно имаат две реми и два порази, а во минатото коло зедоа бод на тешкото гостување во Дортмунд. Мајнц пак не е убедлив како што беше во минатиот период, но барем на домашен терен игра сигурно и сега се на место кое води во Европа што би било огромен успех. Ние овде очекуваме ефикасен натпревар и типуваме 3+ со квота 1.79 во 22Bet.
Палермо – Пиза – Х2 @ 1.63 во Bet365
Пиза е на добар пат за од следната сезона да игра во Серија А. Засега тие и Сасуоло најдобро стојат, но сериозна закана им е тимот на Специја. Сите останати, барем во овој момент се доста далеку. Палермо е еден од тимовите кои се надеваат на плеј оф, па преку тоа да се вратат на големата сцена. Тие победија на последните три натпревари, а гол немаат примено цели 270 минути. Сепак овде ние очекуваме Пиза да останат непоразени, па затоа типуваме Х2 со квота 1.63 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.92
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk