
Денешниот ден изобилува со фудбалски натпревари. Ние за вас направивме комбинација и ќе ви ја претставиме во форма на тикет на денот. Ова е нашиот предлог.
Реал Мадрид – Барселона – 4+ @ 1.91 во BC.Game
Првиот натпревар за денешниот тикет спаѓа во категоријата дерби на колото и ќе се изигра на Сантиаго Бернабеу каде што Кралевите ќе ги дочекаат Каталонците. Реал Мадрид започна фантастично во оваа сезона, а веруваме дека и со истото темпо ќе продолжат и во иднина, а во моментов се наоѓаат на првата позиција на табелата. Веднаш зад нив е Барселона, а тие досега запишаа 7 победи, 1 реми и 1 пораз, а на салдото имаат 22 бода. На овој натпревар мотивот е огромен на двете страни, па веруваме дека ќе гледаме ефикасен дуел со најмалку 4 погодоци. Типуваме 4+ со квота 1.91 во Bc.Game.
Арсенал – Кристал Палас – 1 @ 1.42 во 22Bet
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Арсенал на овој натпревар влегува со фантастично расположение, откако во минатото коло запиша голема победа против Атлетико Мадрид во рамките на Лигата на шампиони, а мора да признаеме дека и одлични резултати бележат и во Премиер лигата. На гости им доаѓа Кристал Палас, тимот кој се снаоѓа солидно засега и ако продолжат со исто темпо може да се замешаат во борбата за Европа. Сепак шансите на овој дуел се на страна на домаќините, а ние типуваме 1 со квота 1.42 во 22Bet.
Леверкузен – Фрајбург – 1 @ 1.73 во 20Bet
Фармацевтите претрпеа доста тежок пораз пред неколку дена во рамките на Лигата на шампионите каде што се сретнаа со ПСЖ, па сега ќе мора да дадат се од себе за да се оправдаат пред своите фанови. На гости им доаѓа Фрајбург, тимот кој прикажа солидни игри во оваа сезона, но во Бундеслига се уште се наоѓаат на средината на табелата. Тимот на Баер Леверкузен се издвојува како фаворит, а веруваме и дека ќе ја оправдаат таа улога. Наш предлог е 1 со квота 1.73 во 20Bet.
Астон Вила – Манчестер Сити – 2 @ 1.85 во Bet365
Астон Вила бележи фантастични резултати во Премиер лигата, а за тоа ни се доказ трите врзани победи, па благодарение на тие бодови се издигнаа на табелата. Овој пат гости ќе им бидат „Граѓаните“ кои исто така бележат одлични резултати во последно време и на овој дуел влегуваат со одлично расположение. Ние овде очекуваме гостите да доминираат и да ги земат трите бода без поголеми проблеми. Наш предлог е 2 со квота 1.85 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 8.68
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 26.10.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk