
Пред нас е ден каде што фокусот е ставен на националните натпревари, поточно се играат дуели од квалификациите за Мундијалот. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Литванија – Полска – 2 @ 1.58 во BC.Game
Литванците искрено не се во некоја завидна позиција и најверојатно тие ќе мора да се задоволат само со учество во овие квалификации, а мора да признаеме дека и никој не очекуваше од нив кој знае каков пласман. Полјаците од друга страна се фаворити за учество на Мундијалот и имаат реални шанси за тоа, само големо е прашањето дали тоа ќе успеат да го обезбедат директно преку првата позиција на табелата. Ние овде очекуваме победа за гостите и типуваме 2 со квота 1.58 во Bc.Game.
Египет – Гвинеја Бисау – 1/1 @ 1.62 во 22Bet
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Египет е на лидерската позиција на табелата и најверојатно ќе обезбедат директен пласман на Мундијалот, а уште пред да започнат квалификациите, тие беа фаворити и може да кажеме дека се е според очекуваното и според планот. Гвинеја Бисау пак има се уште шанси, но за втората позиција, а и таму се соочуваат со голема конкуренција. Како и да е, Египет овде се издвојува како огромен фаворит и очекуваме лесна победа за нив на овој натпревар. Наш предлог е 1/1 со квота 1.62 во 22Bet.
Еибар – Кастељон – ГГ @ 1.75 во Bet365
Последниот натпревар за денешниот тикет ни доаѓа од шпанската Сегунда каде што ќе се сретнат две екипи слични по квалитет, поточно силата ќе ја мерат Еибар и Кастељон. Во моментов гостите влегуваат со многу подобро расположение бидејќи во последните четири натпревари запишаа три победи и едно реми. Еибар пак игра променливо и не може никако да влезе во посакуваната серија, а ако продолжат со вакво темпо ќе мора да се задоволат само со навремен опстанок. Овде најреално ни делува да типуваме на голови и решивме да ви дадеме предлог ГГ со квота 1.75 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.48
*Коефициентите од Bet365 се преземени на 12.10.2025 во 07:30 часот*
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk