Дома Фудбал Тихомир Костадинов најде нов клуб во Чешка

Тихомир Костадинов најде нов клуб во Чешка

Тихомир Костадинов реши да сврти нов лист во кариерата во обид да дојде до поголема минутажа, па во самиот финиш од преодниот рок се раздели со Сигма. Македонскиот репрезентативец сепак останува во чешкиот шампионат, откако постигна договор со Словачко.

Новиот клуб на Костадинов води битка за опстанок во елитата, а македонскиот интернационалец ќе има задача со своето искуство и квалитет да помогне во остварување на таа цел до крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Одлуката за промена доаѓа по период во кој Костадинов не добиваше шанса. По зимската пауза тој не запиша ниту минута на теренот во дресот на Сигма, најчесто останувајќи на клупата за резерви.

Во својата интернационална кариера, Костадинов настапуваше за полскиот Пјаст Гливице, како и за словачките клубови Ружомберок, Вион и Банска Бистрица. На домашната сцена, своите први чекори ги направи во Тетекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР хаос на натпреварот меѓу Атлетико и Барселона. Еве зошто одлуката траеше седум минути

Полуфиналниот дуел во Купот на кралот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона на стадионот Метр…