Eден од фудбалерите кои можеше да има клучна улога во тимот на Герет Саутгејт нема да патува во Русија.
Во вчерашниот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Рома после само петнаесетина минути игра се повреди фудбалерот на домаќините и репрезентативец на Англија, Алекс Окслејд Чемберлејн!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според најновите информации од Островот во прашање е потешка повреда. Сезоната за Чемберлејн е завршена, покрај тоа тој не ќе може да и помогне и на својата репрезентација на Мундијалот во Русија.
Наводно, веќе му е соопштено на Саутгејт дека поради повредата Чеберлејн нема да биде спремен за Мундијалот, пренесува „Би-Би-Си“.
Чемберлејн во последните неколку месеци значително ја подигна формата и стана стандарден член во тимот на Ливерпул, а со своите голови и асистенции беше од големо значење за „црвените“ во Лигата на шампионите и Премиер лигата.
Кога стануваше јасно дека би можел да биде еден од клучните играчи на Саутгејт за Мундијалот се случи и повредата поради која не ќе може да настапи на најголемото фудбалско случување.
Alex Oxlade-Chamberlain will miss the rest of Liverpool's season and the World Cup after suffering a knee ligament injury in the Champions League
? https://t.co/ejSEd3aYGh #LFC #LIVROM pic.twitter.com/Q6BkYv2tKN— BBC Sport (@BBCSport) April 25, 2018