Дома Фудбал Тежок удар за Манчестер јунајтед: Фудбалерот на Манчестер јујнајтед кој Керик го препороди го чека пауза!

Тежок удар за Манчестер јунајтед: Фудбалерот на Манчестер јујнајтед кој Керик го препороди го чека пауза!

Манчестер Јунајтед под водство на привремениот тренер Мајкл Керик оствари две значајни победи над Манчестер Сити (2:0) и Арсенал (3:2), носејќи ја битката за титулата во Премиер лигата до критична точка во која учествуваат и овие два тима, како и Астон Вила.

Керик го промени системот од 3-4-3 на Рубен Аморим во 4-2-3-1, што подобро се вклопи со играчкиот состав на Јунајтед.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Еден од играчите кој се истакна на двата споменати натпревари беше данскиот репрезентативец Патрик Доргу.

Покрај тоа што постигна голови во двата дерби меча, неговата улога како крилен напаѓач, која му ја довери Керик, му одговараше одлично. Под водство на Аморим играше како “фул-бек”, додека во данската репрезентација се појавува како класичен лев бек.

Токму кога се очекуваше Доргу да продолжи со одличните партиции и да помогне на тимот за пласман во Лигата на шампионите, стигна веста дека при натпреварот со Арсенал тој се повреди и ќе паузира околу 10 недели.

Значи, Доргу ќе ги пропушти следните осум натпревари на Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе се врати по репрезентативната пауза во март, за дерби со Лидс на 11 април.

Ова е голема загуба и за Данска, која кон крајот на март ќе игра бараж за пласман на Светското првенство.

Данците во полуфиналето ќе ја пречекаат Северна Македонија, а ако победат, ќе се борат за место на Светското првенство во гостување против Чешка или Република Ирска.

Тешко е да се очекува дека Доргу ќе биде на располагање за таа акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Baturina го напушта Комо и потпишува за гигант од Серија А!

Како што пренесува Газета дело спорт, фудбалерот на Комо Мартин Батурина кариерата ќе ја п…