Дома Фудбал Тер Стеген повторно на операција, еве што го очекува

Тер Стеген повторно на операција, еве што го очекува

Голманот на Барселона и германскиот репрезентативец, Марк-Андре тер Штеген (33), ќе мора повторно да се подложи на операција на ‘рбетниот столб, што тој лично го потврди преку своите профили на социјалните мрежи.

По консултации со клупските доктори и други експерти, се заклучи дека хируршката интервенција е најдоброто решение за неговата состојба во овој момент.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тер Стеген изјави дека генерално се чувствува добро, како физички така и психички, но сè уште има болки. Медицинските лица проценуваат дека периодот на рехабилитација може да трае околу три месеци.

Барселона веќе бара опции – продажба во план

Шпанските медиуми спомнуваат дека Барселона би можела да ја искористи ситуацијата за да го продаде германскиот голман ова лето, кој е дел од клубот уште од 2014 година, кога пристигна од Борусија Менхенгладбах. Да потсетиме, дека на крајот на 2023 година, веќе имаше една операција на долниот дел на ‘рбетот, поради која пропушти дури 19 натпревари.

Каталонскиот клуб веќе прави подготовки за можни промени на голманската позиција – неодамна беше обновен договорот со искусниот Војчех Шчесни, а од Еспањол беше донесен младиот голман Жоан Гарсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

МЛС го суспендираше Меси

Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорд…