Дома Фудбал Тер Штеген издаде соопштение по “земјотресот” во Барселона и одземањето на капитенската лента

Тер Штеген издаде соопштение по “земјотресот” во Барселона и одземањето на капитенската лента

Изминатата недела, повеќе шпански медиуми известуваа за наводни тензии меѓу германскиот голман Марк-Андре тер Штеген и раководството на ФК Барселона.

Сплетките околу дисциплинарната мерка, одземањето на капитенската лента, како и наводите дека Ханси Флик не го гледа како прв голман за новата сезона – предизвикаа бура во каталонската јавност.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Сега и самиот Тер Штеген се обрати преку социјалните мрежи, изнесувајќи ја својата страна на приказната:

„Последниве месеци беа исклучително тешки за мене – и физички и приватно.

Како и секој повреден играч, мојот приоритет беше што побрзо да се вратам на теренот. Бев и останувам мотивиран само со желбата да му помогнам на тимот и да правам она што најмногу го сакам – да се натпреварувам.

Последниве недели многу нешта беа изречени за мене – некои од нив целосно неосновани. Затоа, важно ми е со почит, но и со јасност, да ја изнесам вистината.

Одлуката да се подложам на операција беше донесена во согласност со лекарите и клубот. Клубот го дозволи тоа, водејќи се единствено од моето здравје и долгорочната кариера, како и желбата што побрзо да се вратам и повторно да бидам од корист на екипата. Исто така, транспарентно го објавив минимално очекуваниот период на опоравување, целосно координиран со клупскиот медицински тим.“

Германскиот чувар на мрежата особено се осврна на контроверзиите околу наводното блокирање на регистрацијата на Хоан Гарсија, младиот голман кој Барселона сакаше да го регистрира како замена, повикувајќи се на посебни правила поради подолгото отсуство на Тер Штеген.

„Сакам да нагласам дека сите засилувања и продолжувања на договорите беа завршени пред да ја донесам одлуката за операцијата. Затоа, сметам дека е неправедно и неточно инсинуациите дека мојата ситуација на било кој начин го кочеше регистрирањето на било кој мој колега. Ги почитувам сите соиграчи и се радувам на заедничката сезона.“

„Преку целата кариера настојував да делувам професионално, со полно почитување кон дресот и грбот кој го носам. Љубовта кон Барселона, градот и нашите навивачи е огромна и неоспорна. Секогаш ја ценев поддршката што ја добивав сите овие години. Мојата посветеност на овие бои е апсолутна.“

За крај, Тер Стеген порача дека верува во дијалог и заеднички решенија:

„Свесен сум дека тешките моменти ги подигаат тензиите, но верувам дека сè може да се реши со отворен разговор и одговорност. Подготвен сум за соработка со раководството на клубот за да го надминеме овој предизвик.“

„Многу нешта може да се променат, но едно секогаш останува исто – ве сакам.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рабио ја отвори душата: Не разбирам како на 19 години заминуваат во Саудиска Арабија?

Францускиот играч од средниот ред Адријен Рабио одби неколку понуди од големи клубови ова …