Барселона синоќа во Џеда го декласираше Реал Мадрид во финалната средба од шпанскиот Суперкуп со 5:2, а трофејот на крајот го подигна Марк-Андре тер Штеген иако германскиот голман веќе месеци е надвор од теренот. Но тоа што се случи за време на доделувањето на медалите и трофејот не остави добра слика за Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Иако Рафиња и синоќа беше капитен на Барселона, на крајот играчите се договорија трофејот да го подигне Тер Штеген кој е прв капитен на Каталонците, но уште во септември заработи тешка повреда поради која за него оваа сезона заврши.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Германскиот голман допатува во саботата во Џеда за да ги поддржи своите соиграчи, а Рафинја и друштвото го изненадија со одлуката тој да го добие трофејот, што навистина беше одличен потег.
Сепак, на доделувањето на медалите не можеше без пропусти на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Беше познато дека Тер Штеген ќе биде со тимот на сцената, но за него никој не подготви медал.
.🥇 Тер Стеген го подига шпанскиот Супер куп високо во ноќното небо на Џеда!!
— Шпански фудбал (@SpainIsFootball) 12 јануари 2025
🤩 Каква славна ноќ за @FCBarcelona и какво неверојатно шоу за љубителите на фудбалот низ светот!!
Ел Класико секогаш ја носи магијата!! ✨#SuperSupercopapic.twitter.com/ie6Ok55WqN