Дома Фудбал Тензии во Мексико: Фудбалерките побегнаа од теренот поради звуци слични на пукотници (Видео)

Тензии во Мексико: Фудбалерките побегнаа од теренот поради звуци слични на пукотници (Видео)

Натпреварот на женските фудбалски екипи во Мексико беше прекинат откако се слушнаа звуци близу стадионот кои личеа на пукање, поради што фудбалерките од двата тима во паника го напуштија теренот и побараа засолниште.

Инцидентот се случи во момент на засилен бран на насилство во земјата, откако мексиканските безбедносни сили го ликвидираа водачот на озлогласениот нарко-картел, само неколку месеци пред почетокот на Светскиот првенство 2026, на кое Мексико е еден од домаќините.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Натпреварот од највисок ранг на женскиот фудбал помеѓу Нексакса и Кверетаро Феменил, одигран на стадионот Естадио Викторија, ненадејно беше прекинат во неделата. Судијата веднаш ги испрати фудбалерките во соблекувалните, додека околу 400 гледачи на трибините бараа безбедно место.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гризман може да замине од Атлетико – познато и кој е фаворит да го доведе!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман најверојатно ќе ја заврши својата последна сезона во А…