Дома Фудбал Тензично е во Торино: Ултрасите на Јувенутс жестоко ги критикуваа фудбалерите и тренерот!

Тензично е во Торино: Ултрасите на Јувенутс жестоко ги критикуваа фудбалерите и тренерот!

Неколу групи навивачи на Јувентус, се собраа во недела вечер пред тренинг центарот на клубот за да го изразат незадоволството кон управата, тренерот Тијаго Мота и играчите!

Причината е што Јувентус испадна од Купот на Италија од Емполи, додека во Серија А не стојат баш најдобро. Исто така, испаднаа од Лига на шампиони.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


– Отсутна управа, срамотен тренер и играчи… сите не разочаравте, сите! Ние сме Јувентус – беа некои од тешките слогани упатени кон Тијаго Мота и играчите. Воедно, извикуваа сурови зборови кон тренерот и играчите:

– “Вие сте парче ѓубре” и “Носете ги вашите задници надвор!”

Протестот нема да заврши со тој вечерен собир, бидејќи навивачите најавија дека акцијата ќе продолжи и во понеделник, на денот на натпреварот против Верона, што е клучен за борбата за четвртото место, но и за приближување кон Аталанта на -3 бода од третата позиција.

Во заедничка изјава на социјалните мрежи, организираните навивачки групи ги објаснија причините за протестот:

– Ние сме оние кои ве следат насекаде, секогаш го имаме Јувентус во нашите мисли, дожд, снег, мраз, сонце, секогаш сме тука, верувавме во вас, сакавме да веруваме во вас, ве поддржувавме со ентузијазам и жртви. За жал, денес дојдовме до точка кога повеќе не можеме да толерираме проект кој изгледа неуспешен, во кој ништо нема логичен смисол ниту разумен развој. Сега вашиот став и вашата индиферентност кон историјата на клубот како што е оној на Јувентус веќе не се подносливи: ќе го почувствувате нашето разочарување, надевајќи се дека кај вас, играчите, тренерот и управата, ќе разбудиме искра која би можела, барем делумно, да ја спаси катастрофалната сезона каква не сме имале 14 години – стои во изјавата на лутите навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го краде големото засилување на Јувентус

Интер од Милано, наводно се вклучил во трката за напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, пр…