Дома Фудбал Тензична ситуација во Вардар: Миленко забранил влез на официјални лица – блокиран тренинг кампот!

Тензична ситуација во Вардар: Миленко забранил влез на официјални лица – блокиран тренинг кампот!

Иако во Вардар дојде до промена на раководството, сепак сега се случува една тензична ситуација.

Имено, на денешниот состанок извршниот директор Миленко Неделковски забранил влез на официјални лица од маркетинг тимот, а по таквата негова одлука следела блокада на тренинг-кампот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


На навивачките страни на Вардар беше испратен и повик навивачите да дојдат пред тренинг кампот.

„Во знак на револт и протест, ги повикуваме ВЕДНАШ сите наши членови, екипи и навивачи на клубот, да дојдат пред тренинг кампот во Хиподром.

Денес им беше забранет влезот за сите официјални членови на Маркетинг тимот на клубот, како и за сите останати членови на групата!

Нашиот одговор е јасен:

НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕН ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ додека не се решат сите проблеми во клубот и не се испочитува договорот потпишан помеѓу Здружението ,,35 години Вардарци” и Атила Бижен Жалили!

СИТЕ ЕКИПИ – СЕКОЈ ЧЛЕН! СИТЕ ПРЕД ТРЕНИНГ КАМПОТ“, објавија „Комити87Скопје“, стои во објавата.

Ќе потсетиме навивачите преку здружението „35 години Вардарци“ во потпишаниот договор со Атила Бижен Жалили задржаа 15% од акциите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФА Куп: Челзи „пукна“ петарда, екс-клубот на Вејн Руни приреди сензација!

Денес попладне се одиграа дури девет натпревари од 3. коло на ФА купот, а понатаму продолж…