Дома Фудбал Тажни вести од Белград: Почина легендарниот фудбалер на Црвена звезда

Тажни вести од Белград: Почина легендарниот фудбалер на Црвена звезда

Поранешниот капитен на Црвена звезда и водачот на незаборавната „генерација 1984“, Дејан Миловановиќ, денес почина во Белград на 42-годишна возраст.

Миловановиќ се почувствува лошо во вторникот, попладнето, за време на натпреварот меѓу ветераните на ФК Звездара и ПКБ. Итна медицинска помош пристигна веднаш и се обиде да го реанимира на лице место, по што беше префрлен во Клиничката болница Звездара. Сепак, срцето на „бомбардерот“ на Звезда не издржа два последователни инфаркта.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На истиот натпревар, што започна во 18 часот, Миловановиќ постигна гол веќе во 7. минута. Набргу потоа, додека се подготвуваше да изведе корнер, загуби свест и се сруши на теренот.

Лекарите се бореа за неговиот живот, но безуспешно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред 20 години стана легенда на ЦСКА Москва, а денеска се повлече од фудбалот (Видео)

Кога ќе бидеш еден од најзаслужните за европскиот трофеј во историјата на ЦСКА Москва, тог…