Дома Фудбал ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендата на прилепска Победа, Николче Здравески

ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендата на прилепска Победа, Николче Здравески

Николче Здравески, еден од највпечатливите фудбалери во историјата на прилепска Победа, почина на 54-годишна возраст. Веста за неговата смрт предизвика длабока тага меѓу бројни роднини, пријатели, навивачи и спортски работници кои од синоќа се простуваат од поранешниот голгетер на „црвено-белите“.

Како играч на Победа, Здравески беше дел од златната ера на клубот. Во 1999 година настапи во двомечот против италијанска Перуџа, а веќе следната година повторно се сретна со силен противник – Парма, екипа што тогаш беше во врвот на европскиот клупски фудбал.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Со прилепскиот клуб го освои Купот на Македонија во 2002 година. Во 2004 година беше избран за најдобар играч и спортист на Прилеп, во сезона кога Победа дојде до својата прва историска титула во Првата фудбалска лига.

Како тренер, во сезоната 2006/2007 ја предводеше Победа до втората шампионска титула и до финале во Купот на Македонија. Истата година беше прогласен за најдобар тренер во државата.

Здравески беше и репрезентативец на Македонија. Настапи два пати за националниот тим во пријателски натпревари против Албанија во Прилеп, и против Азербејџан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oфицијално. Рудигер ја дозна казната за беснеењето во „Ел Класико“!

Фудбалерот на Реал, Антонио Рудигер, ја дозна казната за дивјачкото однесување за време на…