Дома Фудбал Тажна вест: Почина голманот кој неколку дена беше во кома

Тажна вест: Почина голманот кој неколку дена беше во кома

Црн облак се спушти врз египетскиот фудбал откако беше објавено дека Мохамед Абу Ел Нагa, помеѓу фудбалерите познат како Бонга, почина на возраст од 36 години. Овој репрезентативен голман на Египет и член на клубот Вади Дегла, загуби во борбата со тешка болест на црниот дроб, откако помина неколку дена во кома.

Бонга беше хоспитализиран поради проблеми со дигестивниот систем, кои постепено прераснаа во сериозна црнодробна инсуфициенција и жутица.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


И покрај интензивните напори на лекарите, неговата состојба драстично се влоши, и не беше возможно да му се спаси животот.

Египетската фудбалска федерација соопшти емотивно соопштение, изразувајќи длабока тага за загубата:

“Плачеме за Мохамед Абу Ел Нагa Бонга, голманот на репрезентацијата и клубот Вади Дегла. Нека му подари Господ милост и нека му даде место во рајот”, пренесоа од федерацијата.

Бонга во минатата сезона беше клучен играч на Вади Дегла, настапувајќи 29 пати и придонесе за враќање на тимот во египетската Премиер лига по четиригодишна отсуства од елитното друштво.

Исто така, беше дел од египетската репрезентација во февруарските квалификации за Африканскиот куп на нации, што потврди дека е меѓу најдобрите голмани во земјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал на чекор од големо засилување

Дајо Упамекано е трансфер цел број еден на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.  Ре…