Дома Фудбал Тажна вест: Почина еден од најславните аргентински голман

Тажна вест: Почина еден од најславните аргентински голман

Легендарниот аргентински голман Уго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци откако имаше одредени компликации по операцијата.

Гати, за време на кариерата, имаше прекар “Лудак” поради својот ексцентричен начин на игра, а во кариерата одигра повеќе од 350 натпревари за Бока Јуниорс.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веста за смртта дојде неколку недели по неговото преместување на интензивна нега по воспаление на белите дробови. Гати, исто така, имаше операција на колкот кој го повреди откако падна играјќи се со кучето.

Почина во недела, по месец поминат во болница, потврдиле извори од Ла Насьон.

Инаку, Гати беше еден од првите голмани што носеа ракавици, а има забележано вкупно 18 настапи за фудбалската репрезентација на Аргентина.

Играше на Светското првенство во 1966 година, а во кариерата играше за двата аргентински великани Ривер Плејт и Бока Јуниорс.

Во кариерата одигра 765 натпревари во аргентинското првенство по што е рекордер, а исто така е и еден од првите голмани што редовно го напуштаа казнениот простор.

По пензионирањето од Бока, стана ТВ аналитичар.

Да додадеме дека во 2019 година излезе на насловните страници откако тврдеше дека Лионел Меси ќе мора да ја напушти Барселона и да се приклучи на Реал Мадрид за да докаже дека е најголемиот на сите времиња.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен навивачот кој погоди судија на натпреварот меѓу Сент Етјен и Лион (Видео)

Францускиот прволигаш Сент Етјен официјално објави дека француската полиција го уапсила ма…