Дома Фудбал Тажна вест од Холандија: Згаснува вториот најстар клуб!

Тажна вест од Холандија: Згаснува вториот најстар клуб!

Одлуката на судот во Утрехт донесе крај на професионалниот статус на вториот најстар клуб во Холандија, кој ја изгуби својата лиценца и заврши приказната долга 133 години. Само Спарта од Ротердам е постара од Витесе во холандскиот фудбалски свет.

Фудбалската федерација на Холандија, поддржана од Комисијата за лиценцирање, одлучи да не му ја додели лиценцата на Витесе. Витесе се пожали на оваа одлука, но судот потврди дека нема основа за жалба.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Одлуката беше донесена откако беше утврдено дека Витесе неколку години ги заобиколувал правилата и „го поткопувал системот на лиценцирање“.

„Витесе добиваше шанса по шанса, но не искористи ниту една. Клубот не покажа никаков напредок“, изјави адвокатот пред судот.

Од Витесе се обидоа да го убедат судијата дека имаат осигурена иднина, бидејќи локални инвеститори ги презедоа сите акции од досегашните сопственици, а за конечната одлука за лиценцата се чекаше нешто повеќе.

Судијата во своето објаснување за одбивање на жалбата на Витесе нагласи дека ничто не може да ја поништи фактичката состојба на претходно кршење на правилата, со оваа одлука се стави крај на 133 години долга историја на клубот.

Витесе никогаш не бил шампион, а нивниот најголем успех беше во 2017 година кога за првпат го освоија Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќ…