
Синамандла Зонди, 22-годишниот фудбалер на јужноафриканскиот Дурбан Сити, почина откако му се слошило за време на загревањето пред натпреварот од втората лига. Без никакви претходни проблеми, Зонди заедно со своите соиграчи од Дурбан Сити нормално се загреваше пред првенствениот дуел против Милфорд. Во еден момент, младиот фудбалер се срушил на теренот и веднаш бил пренесен во блиската болница.
Во меѓувреме, натпреварот меѓу Дурбан Сити и Милфорд започнал, но бил прекинат на полувреме, кога официјално била објавена веста дека Зонди починал. Сѐ уште службено не се знае причината за неговата смрт.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Зонди беше еден од најдобрите играчи на Дурбан Сити, тимот кој моментално се наоѓа на првото место на второлигашката табела и е прв фаворит за влез во елитниот ред на јужноафриканскиот фудбал. Во тековната сезона, дефанзивецот Зонди одигра 24 натпревари во лигата за својот тим и постигна два гола.