
Таткото на фудбалерот од Барселона, Ламин Јамал, ги обвини учесниците во гласањето за Златната топка дека неговиот син претрпел морална штета бидејќи не му го доделиле тоа значајно признание.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, на свеченост во Париз ја доби Златната топка за најдобар фудбалер, додека играчот на Барселона, Ламин Јамал, го зазеде второто место. Неговиот татко, Мунир Насруи, не е задоволен од оваа одлука.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
„Тој е најдобар. Нема да кажам дека е кражба, но е нанесена морална штета на едно човечко суштество. Ламин Јамал е убедливо најдобриот фудбалер во светот. Не затоа што е мој син, туку затоа што е најдобар во светот. Ламин е Ламин… мораме да кажеме дека се случи нешто чудно“, изјави Насруи за шпанскиот Чирингито.
Дембеле минатата сезона освои четири трофеи со Пари Сен Жермен, вклучително и Лига на шампиони и беше еден од најважните членови на тимот, постигна 37 голови и имаше 14 асистенции.
Јамал за Барселона постигна 21 гол, имаше 25 асистенции и ја освои титулата, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.
„Следната година е наша. Следната година Златната топка ќе биде шпанска“, додаде Насруи.