Дома Останати Кошарка Таткото на Дончиќ: Со оглед на тоа колку се жртвуваше, Лука не го заслужи ова

Таткото на Дончиќ: Со оглед на тоа колку се жртвуваше, Лука не го заслужи ова

ЛУКА ДОНЧИЌ веќе е во Лос Анџелес каде што ќе ја продолжи кариерата како играч на Лејкерс, каде што пристигна по неочекуваната трампа помеѓу славниот клуб и Далас Маверикс. Во зделка која ги изненади сите, Дончиќ по седум години во Далас, пристигнува во тимот на Леброн Џејмс.

Новонастанатата ситуација ја коментира и таткото на Дончиќ, Саша Дончиќ, кој поголемиот дел од кариерата го помина во Словенија, каде двапати беше и шампион.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„И јас бев изненаден, дури и шокиран. Ниту на почетокот не верував дека е вистина, беше навистина чудно. Но во НБА се е можно, па се случи и оваа. Мислам дека не е лошо“, рече таткото на Дончиќ.

Саша Дончиќ додаде дека на се гледа позитивно и неколку пати повтори дека верува дека овој потег е добар за неговиот син. Но, го налути тоа што Лука, откако со години му беше заштитно лице, последен дозна дека менува клуб.

„Ја разбирам филозофијата дека одреден играч не е добар за тебе. Сето тоа е добро. Но ова криење од некои поединци, ова лицемерие, боли. Со оглед на тоа колку се жртвуваше, Лука не го заслужи ова. Мислам дека не е фер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер во драматичен натпревар славеше над Торонто (Видео)

Екипата на Денвер Нагетс успеа да извојува тешка победа против Торонто Репторс со резултат…