Дома Фудбал Легендарниот Тата Мартино се врати на местото на успехот!

Легендарниот Тата Мартино се врати на местото на успехот!

МЛС клубот Атланта повторно го ангажираше Херардо “Тата” Мартинo како тренер, со договор валиден до 2027 година, најави клубот.

Мартинo се враќа во клубот кој во 2018 година го водеше до титулата шампион на МЛС лигата и беше прогласен за тренер на годината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Овој момент не претставува враќање кон минатото, туку можност за градење на нови основи и продолжување на еволуцијата според барањата што ги носи постојаната борба за врвот на МЛС“, истакна сопственикот на клубот, Артур М. Бланк.

Мартинo го напушти Интер Мајами пред речиси една година поради лични причини, откако мина една сезона во клубот. Во текот на својата кариера освои 11 трофеи на клубско и репрезентативно ниво во Северна и Јужна Америка, како и во Европа.

Интер Мајами го ангажираше во јули 2023 година, во времето кога Лионел Меси дебитираше за клубот. Мартинo претходно го тренираше Меси и во Барселона и аргентинската репрезентација, а соработката ја продолжија во Мајами.

Под негово водство, Интер Мајами во МЛС лигата постигна 26 победи, девет нерешени натпревари и 12 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чаби Алонсо донесе одлука за која и самиот мислеше дека е невозможна

Флорентино Перез кон крајот на минатата сезона одлучи да му се заблагодари на Карло Анчело…