По елиминацијата од Купот на Македонија, екипата на Борец од Велес се одлучи за смена на тренерот Љупчо Димитковски. Велешкиот клуб објави дека двете страни спогодбено ја раскинале соработката. „ФК Борец се заблагодарува на Димитковски за досегашниот ангажман и му посакува среќа“, објави Борец на социјалните мрежи. Истовремено тие потврдија и дека нов тренер на второлигашот ќе биде Даниел Стојановски. …