Лидерот во македонското првенство, Шкупи денес го претстави Бесник Ферати како ново засилување. За 21-годишниот фудбалер за врска ова е враќање во Чаир после неколку години. Ферати со Шкупи потпиша договор на една ипол година. „Среќен сум што се враќам во тимот на Шкупи. Доаѓањето во овој клуб за мене носи посебна емоција и се надевам дека ќе имам успеси. …