Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на клупата и во овој момент тимот е на лидерската позиција со пет бода повеќе од актуелниот шампион Манчестер сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Но во клубот размислуваат и за иднината, големо прашање е до кога Мохамед Салах како најголема ѕвезда на клубот ќе биде на „Енфилд“ и треба да се размислува за неговата замена, што не можат само најдат во своите редови.
Според последните најави Арне Слот ја убедувал управата да плати дури 85 милиони евра за фудбалерот на Интер Маркус Турам.
27-годишниот напаѓач игра се подобро во клубот од Милано и Слот смета дека може да биде идеална замена за Египкќанецот на подолг рок. Ако Ливерпул се одлучи да плати 85 милиони евра и Турам прифати, Интер не би можел многу да направи бидејќи толку изнесува клазулата на Турам.