Лидерот во македонското првенство, Шкупи денес го претстави Бесник Ферати како ново засилување.
За 21-годишниот фудбалер за врска ова е враќање во Чаир после неколку години. Ферати со Шкупи потпиша договор на една ипол година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум што се враќам во тимот на Шкупи. Доаѓањето во овој клуб за мене носи посебна емоција и се надевам дека ќе имам успеси. Убеден сум дека ќе продолжиме со добрата работа. Ќе се обидам да дадам максимум за дресот кој за мене е посебен“, изјави Ферати.
Ферати доаѓа од редовите на Академија Пандев, инаку е член и на репрезентацијата до 21 година.