Повремениот репрезентативец на Македонија, Енур Тотре кариерата ја продолжи во турската втора лига во редовите на Сакаријаспор. Тотре во овој клуб пристигнува откако му заврши соработката со Ворскла и договорот со Сакаријаспор го постигна во последниот ден од преодниот рок. Претходно во кариерата 27-годишниот Тотре играше за Шкендија во Македонија и Тирана во Албанија. За сениорската репрезентација на Македонија има …